Жикомпри е алатка за е-учење за да се обезбедат вежби за обука во и надвор од училницата. Тој е слободен софтвер објавен под Општата јавна лиценца на GNU. Тој поддржува повеќе платформи (GNU/Linux, Windows, Android, macOS) и може да работи на компјутери со мала моќност.
Жикомпри е присутен повеќе од дваесет години во училиштата ширум светот и нуди повеќе од 150 активности кои ги покриваат главните педагошки домени, вклучително и:
Жикомпри не бара интернет, не собира никакви податоци и строго е во согласност со општата регулатива на ЕУ за заштита на податоците.
Жикомпри 1.0 им овозможува на наставниците да го изберат нивото на активности според вештината на секое дете. На пример, во активност што им дозволува на децата да вежбаат броеви, можете да изберете со кои броеви можат да работат, оставајќи повисоки и потешки броеви за подоцнежната фаза. Или во активност во која детето треба да подредува хронолошки слики, можете да ја поставувате активноста за деца кои можат да читаат само броеви или да им ја отежнете на децата кои можат да читаат и броеви и зборови.
Оваа функционалност за менување на тежината ви овозможува да предлагате вежби за обука на учениците за да вежбаат математика, јазик, наука и хуманистички науки. Тие исто така ќе можат да играат стратешки игри за да ги вежбаат своите вештини за решавање проблеми.
За да се обезбеди солидна педагошка позадина, нивоата на активности на Жикомпри се засноваат на наставната програма на основните училишта во Франција, која дефинира што мораат француските наставници да предаваат на час.