Училишта

Жикомпри е алатка за е-учење за да се обезбедат вежби за обука во и надвор од училницата. Тој е слободен софтвер објавен под Општата јавна лиценца на GNU. Тој поддржува повеќе платформи (GNU/Linux, Windows, Android, macOS) и може да работи на компјутери со мала моќност.

Жикомпри е присутен повеќе од дваесет години во училиштата ширум светот и нуди повеќе од 150 активности кои ги покриваат главните педагошки домени, вклучително и:

  • Учење како да се користи компјутер
  • Вежбање на читање со активности за учење букви, зборови и лексички множества
  • Стекнување вештина во математика со вежбање на броење, аритметика, мерки и загатки
  • Откривање на светот преку логика, уметност и музика
  • Истражување на науката и хуманистичките науки преку експериментирање, историја и географија
  • Развивање на стратешко размислување со игри на табла

  • Жикомпри не бара интернет, не собира никакви податоци и строго е во согласност со општата регулатива на ЕУ за заштита на податоците.


    Жикомпри 1.0 им овозможува на наставниците да го изберат нивото на активности според вештината на секое дете. На пример, во активност што им дозволува на децата да вежбаат броеви, можете да изберете со кои броеви можат да работат, оставајќи повисоки и потешки броеви за подоцнежната фаза. Или во активност во која детето треба да подредува хронолошки слики, можете да ја поставувате активноста за деца кои можат да читаат само броеви или да им ја отежнете на децата кои можат да читаат и броеви и зборови.

    dataset selection

    Оваа функционалност за менување на тежината ви овозможува да предлагате вежби за обука на учениците за да вежбаат математика, јазик, наука и хуманистички науки. Тие исто така ќе можат да играат стратешки игри за да ги вежбаат своите вештини за решавање проблеми.


    За да се обезбеди солидна педагошка позадина, нивоата на активности на Жикомпри се засноваат на наставната програма на основните училишта во Франција, која дефинира што мораат француските наставници да предаваат на час.