Новости

gcompris 1.1

Здраво,
Со задоволство го најавуваме објавувањето на верзијата 1.1 на Жикомпри.

Ова e минорна верзија, така што секоја GNU/Linux дистрибуција која има верзија 1.0 треба да се ажурира на 1.1.

Еве резиме на вклучените промени:

  • Графичкиот приказ е подобрен за 21 активност.
  • Поправивме многу грешки.
  • Додадена е верзија со поддршка за Ubuntu Touch.
  • Поправен е правописот на турските области.
  • Додадовме алтернативен минимален .msi пакет за Windows.
  • Жикомпри е прелиценциран на AGPLv3 поради зависност во активноста аналогна електроника.

Од страна на преводи:

  • Завршени се преводите на албански, белоруски, бразилски, португалски и руски јазик.
  • Македонскиот и ирскиот галски јазик се вратија (делумен превод со над 80% засега).
  • Додадена е колекција на зборови за активности со речник на македонски и албански јазик.
  • Сите гласови се додадени за литвански.

Сега имаме 27 целосно поддржани јазици: албански, баскиски, белоруски, бразилски португалски, бретонски, британски англиски, каталонски, каталонски (валенсија), кинески традиционален, холандски, француски, грчки, еврејски, унгарски, индонезиски, италијански, македонски, малајаламски, полски, португалски, романски, руски, словенечки, шпански, шведски, турски и украински.

Имаме и четири делумно поддржани јазици: германски (91%), ирски галски (87%), литвански (96%) и норвешки нинорск (85%).

Пакетите од оваа нова верзија за GNU/Linux, Windows и MacOS можете да ги најдете на download page. Ова ажурирање наскоро ќе биде достапно во продавницата Android Play, складиштето F-Droid и продавницата Windows. Пакетот за Raspberry Pi исто така ќе биде достапен наскоро.

Ви благодариме на сите,
Timothée & Johnny

Сите вести