Преземи

☀ Станете покровител
Windows

Може да инсталирате Жикомпри од Windows Store.

Забелешка: За Windows Store е потребен Windows 10.


Инаку, можете да го преземете инсталерот од линковите подолу.

Системски побарувања: Windows 7, 8 или 10 со поддршка на OpenGL 2.

	      
  • GCompris 1.1-Windows 64bit
  • GCompris 1.1-Windows 32bit
  • Забелешка: Ако вашиот систем нема поддршка за OpenGL 2 или ако не работи правилно, користете го режимот Жикомпри (Безбеден режим) во почетното мени за да го стартувате Жикомпри во режим со рендерирање на софтвер кој не користи OpenGL.

    Ако навистина ви е потребна верзија што работи на Windows XP, или ако вашиот систем не ја поддржува новата верзија, можете да го користите последниот инсталер од стариот Жикомпри 15.10.

    	      
  • GCompris 15.10-Windows 32bit
  • За да ги овозможите сите активности во оваа стара верзија, можете да го користите кодот 200202 во полето за внесување што го содржи зборот КОД кога ќе ја стартувате апликацијата.

    Android

    Верзијата за Андроид е дистрибуирана во Play Store.

    	      
  • GCompris 1.1 for Android
  • Поддржани се и 32 битни и 64 битни верзии од Play Store. Соодветната верзија се презема автоматски во зависност од вашиот оперативен систем Android.


    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За Android верзијата 4.4.2, се препорачува директно рачно преземање и инсталирање Жикомпри 0.95 од нашата веб-страница , бидејќи верзијата 0.96 од Play Store нема да може да презема надворешни средства со оваа верзија на Android.


    Жикомпри исто така е достапен од F-Droid, складиштето за апликации за Android со слободен и со отворен код.

    	      
  • GCompris 1.1 from F-Droid

  • Исто така, можете директно да преземете apk пакет од нашата веб-страница и да ја инсталирате рачно на вашиот уред.

    	      
  • GCompris 1.1 apk for Android 32bit
  • GCompris 1.1 apk for Android 64bit
  • macOS

    Верзијата за macOS можете да ја добиете од врската подолу.

    Направен и тестиран на macOS 10.13.

    	      
  • GCompris 1.1-Darwin
  • GNU/Linux

    Може да проверите дали вашата дистрибуција обезбедува пакет за најновата верзија на GCompris.

    Ние исто така обезбедуваме самостојни пакети за GNU/Linux. Тие треба да работат на секоја неодамнешна дистрибуција. Системски побарувања: linux kernel 3.10, glibc 2.17, pulseaudio, gstreamer 1.0.

    	      
  • GCompris 1.1-Linux 64bit
  • GCompris 1.1-Linux 32bit
  • За да го користите, отворете терминал во папката каде што сте го презеле инсталерот и извршете ги овие команди:

              

    chmod u+x gcompris-qt-1.1-Linux64.sh

    ./gcompris-qt-1.1-Linux64.sh

    Потоа прочитајте ја лиценцата или притиснете q за да ја прескокнете, одговорете да на прашањата и софтверот ќе биде инсталиран во нова папка до инсталатерот.

    Конечно, за да го стартувате Жикомпри, одете во новата папка, во bin, и кликнете двапати на gcompris-qt.sh.

    Забелешка: Ако вашиот систем нема поддршка за OpenGL 2 или ако не работи правилно, додадете ја опцијата „--software-renderer“ на крајот од последната линија на скриптата gcompris-qt.sh. Друг начин е да ја уредите конфигурациската датотека (во ~/.config/gcompris-qt/gcompris-qt.conf): пронајдете ја линијата renderer=auto, заменете ја со renderer=software, и зачувајте ја датотеката.

    Raspberry Pi

    Обезбедуваме самостоен пакет за Raspberry Pi. Тестирано е само на Raspberry Pi 3.

    	      
  • GCompris 1.1-Raspberry Pi 3
  • За да го користите, отворете терминал во папката каде што сте го презеле инсталерот и извршете ги овие команди:

              

    chmod u+x gcompris-qt-1.1-Raspberry.sh

    ./gcompris-qt-1.1-Raspberry.sh

    Потоа прочитајте ја лиценцата или притиснете q за да ја прескокнете, одговорете да на прашањата и софтверот ќе биде инсталиран во нова папка до инсталатерот.

    Конечно, за да го стартувате Жикомпри, одете во новата папка, во bin, и кликнете двапати на gcompris-qt.sh.

    Изворен код

    Изворниот код е достапен под лиценцата AGPLv3.

    	      
  • GCompris 1.1-source code
  • MD5 и GPG

    За да го проверите интегритетот на преземањата, можете да ги споредите md5sums со овие во датотеката: MD5SUMS

    Изворниот тарбол и инсталаторите за Линукс се потпишани со GPG клучот од Тимотие Гиет (јавен клуч: 0x63d7264c05687d7e.asc)

    	      

    sig датотеки:

  • GCompris 1.1-source code
  • GCompris 1.1-Linux 64bit
  • GCompris 1.1-Linux 32bit