Преземи

Windows

Може да инсталирате Жикомпри од Windows Store.

Забелешка: За Windows Store е потребен Windows 10.


Инаку, можете да го преземете инсталерот од линковите подолу.

Системски побарувања: Windows 7, 8 или 10 со поддршка на OpenGL 2.

GCompris 4.3-Windows 64bitGCompris 4.3-Windows 32bit

Забелешка: Ако вашиот систем нема поддршка за OpenGL 2 или ако не работи правилно, користете го режимот Жикомпри (Безбеден режим) во почетното мени за да го стартувате Жикомпри во режим со рендерирање на софтвер кој не користи OpenGL.

Ако навистина ви е потребна верзија што работи на Windows XP, или ако вашиот систем не ја поддржува новата верзија, можете да го користите последниот инсталер од стариот Жикомпри 15.10.

GCompris 15.10-Windows 32bit

За да ги овозможите сите активности во оваа стара верзија, можете да го користите кодот 200202 во полето за внесување што го содржи зборот КОД кога ќе ја стартувате апликацијата.

Android

Верзијата за Андроид е дистрибуирана во Play Store.

GCompris 4.3 for Android

Поддржани се и 32 битни и 64 битни верзии од Play Store. Соодветната верзија се презема автоматски во зависност од вашиот оперативен систем Android.


Жикомпри исто така е достапен од F-Droid, складиштето за апликации за Android со слободен и со отворен код.

GCompris 4.3 from F-Droid

Исто така, можете директно да преземете apk пакет од нашата веб-страница и да ја инсталирате рачно на вашиот уред.

GCompris 4.3 apk for Android 64bitGCompris 4.3 apk for Android 32bit

For devices running Android 2.3 to 4.0, the last compatible version is GCompris 0.81.


macOS

Верзијата за macOS можете да ја добиете од врската подолу.

Направен и тестиран на macOS 10.13.

GCompris 4.3-Darwin
GNU/Linux

Може да проверите дали вашата дистрибуција обезбедува пакет за најновата верзија на GCompris.

Ние исто така обезбедуваме самостојни пакети за GNU/Linux. Тие треба да работат на секоја неодамнешна дистрибуција. Системски побарувања: linux kernel 3.10, glibc 2.17, pulseaudio, gstreamer 1.0.

GCompris 4.3-Linux 64bitGCompris 4.3-Linux 32bit

За да го користите, отворете терминал во папката каде што сте го презеле инсталерот и извршете ги овие команди:

chmod u+x gcompris-qt-4.3-Linux64.sh
./gcompris-qt-4.3-Linux64.sh

Потоа прочитајте ја лиценцата или притиснете q за да ја прескокнете, одговорете да на прашањата и софтверот ќе биде инсталиран во нова папка до инсталатерот.

Конечно, за да го стартувате Жикомпри, одете во новата папка, во bin, и кликнете двапати на gcompris-qt.sh.

Забелешка: Ако вашиот систем нема поддршка за OpenGL 2 или ако не работи правилно, додадете ја опцијата „--software-renderer“ на крајот од последната линија на скриптата gcompris-qt.sh. Друг начин е да ја уредите конфигурациската датотека (во ~/.config/gcompris-qt/gcompris-qt.conf): пронајдете ја линијата renderer=auto, заменете ја со renderer=software, и зачувајте ја датотеката.

Alternatively, you can install GCompris from Flathub or from the Snap store.

Raspberry Pi

Обезбедуваме самостоен пакет за Raspberry Pi. Тестирано е само на Raspberry Pi 3.

GCompris 4.3-Raspberry Pi 3

За да го користите, отворете терминал во папката каде што сте го презеле инсталерот и извршете ги овие команди:

chmod u+x gcompris-qt-4.3-Raspberry.sh
./gcompris-qt-4.3-Raspberry.sh

Потоа прочитајте ја лиценцата или притиснете q за да ја прескокнете, одговорете да на прашањата и софтверот ќе биде инсталиран во нова папка до инсталатерот.

Конечно, за да го стартувате Жикомпри, одете во новата папка, во bin, и кликнете двапати на gcompris-qt.sh.

Изворен код

Изворниот код е достапен под лиценцата AGPLv3.

GCompris 4.3-source code
MD5 и GPG

To check the integrity of your downloads, you can get the original SHA-256 hash of the files by adding ".sha256" at the end of their download url.

Изворниот тарбол и инсталаторите за Линукс се потпишани со GPG клучот од Тимотие Гиет (јавен клуч: 0x63d7264c05687d7e.asc)

sig датотеки:
• GCompris 4.3-source codeGCompris 4.3-Linux 64bitGCompris 4.3-Linux 32bit